Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Лица од струшко Радолишта решавале недоразбирања со кршење прозорци во куќа и бутик

Струга, 27. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 26-ти февруари 2020 година, 40-годишниот Б.Х. од струшкото село Радолишта, пријавил дека лицето Б.Х. ја оштетило влезната врата и искршил и стакла на два прозорци на неговата куќа во селото Радолишта.

– Истиот ден, во Полициската станица во Струга било пријавено дека лицето Б.Х. и неговиот син Л.Х. со метална шипка искршиле две стакла од излог на бутик на улицата „Маршал Тито“ во Струга, сопственост на 40-годишниот Б.Х., при што извршиле претурање и оштетиле неколку предмети во бутикот. Увид извршила увидна екипа на Полициската станица од Струга, информираат од МВР.

Истиот ден, околу 16:00 часот, полициски службеници од Полициската станица од Струга го лишиле од слобода 40-годишниот Б.Х., поради тоа што претходно во бутик во Струга физички го нападнал 21-годишниот Н.Х. од селото Радолишта. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука