Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Авион од Милано утре слетува во Охрид, патниците ќе ги проверат епидемиолози

Охрид, 27. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Авион со патници од Милано, град кој се наоѓа во ризичните делови на Италија, утре ќе слета на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“.

На аеродромот сѐ уште нема поставено термална камера, па сите патници кои ќе слетаат ќе бидат прегледани со бесконтатен пиштол за мерење на телесната температура, а ќе бидат и анкетирани од епидемилозите кои вршат мониторинг на аеродромот во Охрид.

Од охридскиот центар за јавно здравје смируваат дека контролите се доволни, додвајаќи дека сите патници до сега соработувле со тимот епидемиолози. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука