Мајк Баденхолцер избран за најдобар тренер во НБА лигата
Њујорк, 22. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – Тренерот на Атланта Хоукс, Мајк Баденхолцер, од НБА лигата го доби признанието за најдобар тренер за сезоната 2014/15.
Наградата заслужено заврши во рацете на предводникот на „јастребите“ кој сезонава одлично ги водеше неговите кошаркари до најдобар резултат во источната конференција во регуларниот дел од сезоната.
Првата сезона како тренер на Хоукс, Баденхолцер ја заврши со 38 победи, додека во актуелната втора неговиот тим стигна до 60 победи и прво место на Истокот. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |