Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Поради врнежи од снег, сообраќајот преку преминот „Стража“ се одвива отежнато

Охрид, 28. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Поради врнежи од снег, од 15:50 часот, на патниот правец Гостивар-Стража, воведена е забрана за движење на тешки товарни возила, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Снег со слаб интензитет паѓа во Ресен и на планинскиот премин „Стража“.

Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на останатите патни правци, надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. (Крај)

извор: АМСМ фото: Todorovska Katerina/Ѕид на сообраќајниот срам

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука