Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Ѓоковиќ: Би сакал наскоро да дојдам во Македонија, многу слушав за Охрид и Скопје

Скопје, 28. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Би сакал наскоро да дојдам во Македонија. Многу слушав за Скопје и за Охрид од моите родители, им порача на Македонците тенискиот ас број 1 Новак Ѓоковиќ.

Во емисијата „Еден на Еден“, која ќе се емитува во недела во 18:30 на Канал 5, Ноле зборува и за подготовката за Олимпијадата во Токио, за делот кога ќе го понесат емоциите и лутината и му се случува да скрши рекет и да опцуе, и на други интересни теми. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука