Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Локалното дерби помеѓу Лабуништа и Охрид ќе се игра пред празни трибини

Охрид, 28. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Локалното дерби помеѓу екипите на Лабуништа и Охрид ќе се одигра пред празни трибини, информираат од ГФК „Охрид Лихнидос“.

– Натпреварот кој е во рамките од 15-та рунда во Втората македонска фудбалска лига-запад ќе се игра во недела со почеток во 14:00 часот, информираат од клубот.

Со оваа одлука, од клубот постапуваат по препораките на Министерството за здравство и Владата на Република Македонија, која се однесува на одложување на сите големи јавни собири и спортски натпревари како превентива од ширење на корона вирусот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука