Избор Култура Струга

Конкурс за фотографија посветен на Црн Дрим

Струга/Битола, 22. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – Биосфера – Центар за едукација, заштита на животната средина и природата од Битола заедно со Македонско еколошко друштво објавуваат конкурс за најдобра фотографија.

Конкурсот е на тема: „Во соживот со реката Дрим“.

Сите љубители на фотографијата своите авторски дела можат да ги испратат на e-mail адресата: act4drin@gmail.com најдоцна до 12-ти мај 2015 година во JPG формат со димензии 1280 х 960 пиксели.

Најдобрите фотографии ќе бидат наградени со пригодни награди на настанот посветен на реката Дрим, кој ќе биде организиран во Струга на 17-ти мај. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави