Охрид, 2. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Кандидатите за пратеници од „Македонски Независни Листи“ започнаа со собирање потписи за да добијат право за настап на престојните предвремени парламентарни избори.
– Ве покануваме, со вашиот потпис да изразите поддршка за носителот на листата во изборна единица број 5 Горан Тасковски, Aмбасадор на Република Македонија во Турција, во периодот од 2011 до 2015 година, како и за нашата охриѓанка, втора на листата, Наташа Спасеска Цветкоска. Со вашиот потпис бидете дел од новиот пат во Македонската историја, Новата ера – Ера трета. Македонските независни листи се Македонскиот народ. Вашиот потпис би значел поддршка за светла суверена Македонија, земја на економска благосостојба, земја на среќни луѓе. Вашиот потпис може да го дадете секој ден од 09:00 до 19:00 часот, најдоцна до петок 6-ти март, во одделението на Државна изборна комисија во зградата на општина Охрид. Бог нека ве благослови вас и Македонија, порачуваат од Македонска независна листа – Ера третa. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива