Избор Култура

Уметничката Ели Аин се приклучува на акцијата на „Анима Мунди“ за хуманост кон мачките

Охрид, 22. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – Големиот љубител на животни, охридската уметничка Ели Аин се придружува на акцијата на „Анима Мунди“ за хуманост кон мачките, вдомување и нивна стерилизација.

Ели Аин и нејзиниот прекрасен мачор Мао ги поздравуваат хуманите граѓани. Ели ќе донира две уметнички дела за аукцијата.

Овој настан од Здружението „Анима Мунди“ го најавија на почетокот на годинава. Познати јавни личности од цела Македонија, кои се љубители на мачки и ги чуваат како домашни животни, се дел од оваа акција.

Граѓаните ќе можат да се наддавааат за автентични подароци од јавните личности, меѓу кои и Перо Антиќ, Дарко Панчев, Калиопи, Васил Зафирчев, Јордан Симонов и многу други.

Аукцијата на предмети од познати спортисти, актери, музичари, ликовни уметници и други јавни личности од Македонија, ќе се организира во недела, 25-ти април, во Кафе „Излет“ во Скопје, со почеток во 13:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука