март 16, 2020

Скопје, 16. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Wizz Air, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, објави дека, како резултат на затворањето на аеродромот во Охрид, ги суспендира сите летови кон и од Охрид до 25-ти март 2020 година.

Затворањето на аеродромот доаѓа како мерка за намалувањето на ширењето на пандемијата COVID-19.

Патниците со резервации погодени од суспензиите на летовите автоматски ќе бидат информирани преку е-пошта. Доколку патникот резервирал директно на wizzair.com или преку мобилната апликација на авиокомпанијата, 120% од оригиналната сума автоматски ќе се префрли на WIZZ сметката на клиентот, средства кој ќе може да се користат во наредните 24 месеци за услугите на Wizz Air. Патниците исто така можат да се одлучат за повраток на пари – процес што ќе потрае подолго – и за кој ќе бидат информирани за потребните чекори за банкарски трансфер или трансфер на банкарска картичка во посебна е-пошта. Во овој случај, клиентите ќе имаат повраток од само 100% од оригиналната цена. Патниците кои ги направиле своите резервации преку туристички агенции – вклучително и преку интернет туристички агенции – треба да стапат во контакт со компанијата од која ги купиле своите билети.

Wizz Air искрено се извинува за нарушувањето на плановите на патниците, но воедно напоменува дека безбедноста и благосостојбата на патниците и членови на екипажот остануваат врвен приоритет на авиокомпанијата. (Крај)

извор: faktor.mk фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука