ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридското Езеро над просекот за март, денес на кота од 693,51 м.н.в

Охрид, 16. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охридското Езеро денес е на кота од 693,51 м.н.в, односно два сантиметри над просекот за месец март.

Температурата на езерската вода измерена утрово во 07:30 часот е 6. степени.

Image may contain: text

Времето денес претпладне ќе биде умерено облачно, попладне претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од источен правец. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 7. степени.

– Во следните денови ќе преовладува сончево време со постудени утра, но со пораст на дневната температура. Во среда и во четврток ќе дува умерен северен ветер, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука