Виртуелна тура низ изложбата „100 години Требениште“
Скопје, 17. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Археолошкиот музеј на граѓаните им овозможува виртуелна тура низ изложбата „100 години Требениште“, во период кога оваа установа е затворена за посетители поради опасност од ширењето на коронавирусот.
Оваа ексклузивна изложба беше отворена лани од март до август. Изложени беа над 400 артефакти од некрополата во Требениште, Охрид, меѓу кои и златните маски кои се наоѓаат во музеи во Бугарија, Србија и Македонија.
– Виртуелната посета на најексклузивната интернационална изложба на овие простори „100 години Требениште“ е совршена идеја во овие денови кога сите сме во домашна изолација. Уживајте во мистиката и убавината на наодите од оваа позната некропола, објавија од Музејот.
Виртуелната тура низ изложбата е достапна ОВДЕ. (Крај)
извор: Вечер фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |