Култура

Охридската библиотека ќе биде затворена додека трае вонредната состојба

Охрид, 24. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Поради епидемијата на коронавирусот – Ковид 19 се додека трае вонредната состојба НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе биде затворена.  

– Владата на 25-тата седница од 21-ви март покрај усвоените заклучоци, во функција на преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста KОВИД-19 , донесе и заклучок со кој се утврдува дека сите донесени заклучоци на Владата со кои се даваат мерки, препораки и насоки за сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, важат до завршување на периодот на постоење на вонредна состојба на територијата на цела држава, стои во дописот од охридската библиотека. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука