Извлечени првите награди во рамките на #SediSiDoma на СУПЕР
Охрид, 30. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Денес беа извлечени првите награди во рамките на наградната игра #SediSiDoma на СУПЕР на охридското Супер радио.
Александра, Емилија и Ружица беа најсреќни денес и добија награди во рамките на наградната игра која Супер радио ќе ја организира секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот со СУПЕР вредни награди за сите кои седат дома и се придржуваат на мерките за спречување на ширењето на Коронавирусот. Основната идеја е да го спречиме заедно ширењето на Коронавирусот со СУПЕР музика, СУПЕР забава, видеа на нашиот YouTube канал и нашите СУПЕР пријатели кои обезбедија вредни награди.
Добитници на денешните награди:
– Александра Милеска влегува во конкуренција за главната награда која ја доделува Супер радио – мобилен телефон Huawei (наградата ќе се додели на 30-ти април)
– Емилија Каранфилоска добива награда од Makeup by Kika – шминкање и изработка на професионални фотографии (се добива талон кој ќе може да се искористи по престанокот на вонредната состојба)
– Ружица Никле добива 2 вкусни пици од пекарата „Ден и ноќ“ (утре, вторник, од 08:00 до 12:00 часот во студиото на Супер радио да се подигне талонот за наградата)
– Продолжуваме утре со нови Супер награди за Супер слушателите на Супер радио. Се’ што треба да направите е да го споделите постот, во коментар да ги тагирате вашите пријатели кои Ви недостасуваат за дружење, да им предложите некоја активност за време на карантинот, да кликнете Subscribe на YouTube каналот на Супер радио и да ја очекувате наградата… Извлекувањето на наградите ќе биде траспарентно и во живо на Facebook околу 16:00 часот. #SediSiDoma на СУПЕР, порачуваат од Супер радио. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |