Мини депонија кај малата заобиколница под Стрелиштето (Фото)
Охрид, 31. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Малата заобиколница, улицата „Јордан Мијалков“ во Охрид кај локалитетот „Бејбунар“ деновиве повторно се дави во ѓубре, информираат читатели на OhridPress, кои испратија фотографии до редакцијата.
Оваа локација, непосредно под Стрелиштето е преполна со ѓубре, градежен шут и претставува исклучително лоша слика и потенцијална опасност од зарази.
– Делови од патот се скоро непроодни. Се фрла ѓубре на сите страни. Стар мебел, градежен шут, остатоци од животни и храна. Знаеме дека се вонредни мерки, но доколку не може сега, нека биде веднаш по средувањето на состојбата, реагираат граѓаните во допис до OhridPress. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |