Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Од вечерва #СедиДома online часови по танц со МКОЦ Соната

Охрид, 31. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од вечерва започнуваме со релизација на #СедиДома online часови по танц. Часовите ќе се одржуваат секој вторник, четврток и сабота од 20:30 часот и ќе бидат достапни преку нашиот Instagram профил mkoc_sonata, информираат од МКОЦ Соната.

– Во наведените термини ги покануваме сите млади, но и сите кои се чувствуваат така, да ни се приклучат и да се забавуваат од дома заедно со нашите млади и талентирани ментори по танц. Прва на распоред е Климентина Гилевска чија приказна започнува пред дванаесетина години кога започнува да учи класичен балет. На 12 годишна возраст започнува да танцува и хип хоп, а во моментов држи часови по современ танц и хип хоп во МКОЦ Соната. В четврток се дружиме со Михаил Талев, еден од најдобрите хип хопери во земјава. На последното издание на меѓународниот натпревар DanceOff во Скопје, во сериозно тешка конкуренција беше второпласиран и најдобро пласиран македонец во Hip Hop Battle Adult. Тој е задолжен за intermediate часови по хип хоп во МКОЦ Соната. За последниот час за оваа недела ќе биде задолжена Сара Коваческа, млада и амбиционзна танчерка која започнува да учи латино танци пред седум години, по што продолжува со современ танц и хип хоп. Дел е од групата CrffCi, најнаградуваната група од МКОЦ Соната на меѓународено поле. Таа е одговорна почетниците да се запознаат со хипхоп-от но и танцовата култура воопшто. Распоредот за следната недела ќе биде објавен в недела, за што дополнително ќе бидете известени. Се гледаме на Instagram, порачуваат од Младинскиот Културно Образовен Центар Соната од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука