Спорт

Душебаев предлага – наместо Ф4, во јуни Ф8 во ракометната ЛШ

Виена, 3. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Откако сите спортски натпреварувања се откажани поради коронавирусот, малку кој верува дека во август и септември се идеалните термини за одигрување на завршниците на европските натпреварувања во ракомет.

Легендарниот Талант Душебаев, кој е актуелен тренер во полски Киелце изнесе интересен предлог до ЕХФ како евентуално да се заврши сезоната.

„За мене најважно е да ја завршиме сезоната. Не гледам зошто, наместо да играме четвртфинале, сите четвртфиналисти да се пласираат на завршниот турнир, кој би бил фајналејт наместо фајналфор. Ако осминафиналињата се во првиот дел од јуни, тогаш овој турнир може да се заврши кон крајот на истиот месец и сезоната да заврши регуларно“ – рече Душебаев.

Шпанскиот стратег смета и дека доколку завршниот ракометен турнир би бил во август годинава, така дополнително ќе се згусне распоредот за следната сезона. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука