Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со услови за дожд и температура до 7. степени

Охрид, 4. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, а во западните и крајните источни делови повремено засилен ветер од североисточен правец.

Максималната температура во Охрид до 7. степени.

– Денес и утре претпладне ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во јужните делови,. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Од понеделник следува период на сончево време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука