Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Корона Прашалник На кафе со... Охрид ТОП ВЕСТИ

#SediSiDoma: „Корона прашалник“ со Александар Карали на OhridPress

Охрид, 4. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Со интервјуа со бројни охриѓани, Супер радио и OhridPress ја продолжуваат кампањата #SediSiDoma.

За тоа како го поминуваат времето во карантин и со кои активности најчесто го исполнуваат, денес разговараме со адвокатот Александар Карали.

OhridPress: Како се справувате со карантинот. Дали следите постојано на медиумите што се случува или се одлучивте за комплетна изолација?

Карали: Карантинот сега засега и не е така лош. Прво се запознавме меѓусебе одново, за кратко се подзакаравме, па пак се смиривме, сега сме во фаза на хепи фемили, и секој ден нов предизвик. Воглавно гледаме телевизија, слушаме Супер радио и музицираме. Искрено, можда карантинов ни беше неопходен за да оствариме некои идеи кои не сме можеле да ги оствариме претходно, поради тоа што сме давале приоритет на некои нужни но помалку важни работи. Професијата не ми дозволува комплетно да се изолирам од информации, особено што овој период многу често се менуваат прописи , кои морам да ги следам и да ги анализирам, бидејќи се создаваат нови правни ситуации кои предизвикуваат и ќе предизвикаaт долгосежни последици и по престанокот на оваа вонредна состојба.

OhridPress: Неколку совети од Ваша страна, односно што практикувате во домот за побрзо да помине времето во изолација?

Карали: Неочекувано, добивме многу слободно време кое се трудиме да го искористиме на најдобар можен начин. Најдобар совет за тоа како да се помине времето во изолација е да се прави она што не сме имале време да го направиме претходно, прегледување на старите слики од семејните албуми, преслушување на музички албуми што сме ги подзаборавиле, читање на некоја книга која ни останала непрочитана. Интернетот е можност плус за стекнување на некои нови знаења и вештини, видео туторијалите се предизвик за секого. Деновиве на Facebook, актуелни се повеќе групи кои задаваат определени предизвици, па се многу интересни како за дружење така и за пополнување на времето.

OhridPress: Дали може да ни предложите некој филм, серија, музика или книга за нашите читатели?

Карали: Од почетокот на излоацијата дома започнавме со прегледување на стари серии, и така секој ден гледаме по неколку епизоди од култната серија „Пријатели“, кои не оттргнуваат за момент од лудилото кое владее. Филм кој би го препорачал е „The Irishman“, одличен филм кој ќе ви реши 3:30 часа од денот.

OhridPress: Додека сме во домовите се конзумира повеќе храна. Некој предлог за омилено јадење на семејството Карали за полесно да помине карантинот?

Карали: Омилено јадење: Спанаќ со кисело млеко, затоа што и тој како и филмот претходно, ќе ви реши 3-4 сати од денот за подготовка и 30 минути за јадење заедно со десертот.

OhridPress: Се надеваме дека за брзо време ќе го надминеме и овој сериозен предизвик. Што ќе направите прво по нормализирањето на состојбата и укинувањето на вонредната состојба:

Карали: Прва работа шо ќе ја направам по нормaлизирањеto на состојбаta, ќе зависи од тоа во кое годишно време ќе се случи тоа. Aко заврши во лето, одиме на плажа, ако заврши во зима ќе си поседам уште некое време додека дојде летото. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука