Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Виктор Устијаноски од Охрид доби 100 илјади денари на наградната игра „Мој ДДВ, моја награда“

Скопје/Охрид, 4. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Виктор Устијаноски е меѓу 15-те најсреќни добитници на награда од 100 илјади денари, а кои скенирале сметки во текот на март, како дел од наградната игра „Мој ДДВ, моја награда“.

Покрај Виктор, најсреќните кои од први до 31-ви март годинава скенирале фискални сметки и добија по 100.000 денари се:

1. Ванче Василески – Тетово
2. Катерина Апостолова – Богданци
3. Зорица Илиев – Скопје
4. Весна Макашевска – Скопје
5.  Дејан Ѓошев – Скопје
6. Славко Јанковски – Струмица
7. Љика Митева – Струмица
8. Фадил Угљанин – Прилеп
9. Селја Хаџи – Скопје
10. Војче Мирчески – Скопје
11. Благој Тунџов – Штип
12. Фарук Ајрулаху – Скопје
13. Виктор Устијаноски – Охрид
14. Мише Милановски – Пробиштип
15. Деан Андреевски – Прилеп

Вкупниот број на скенирани сметки изнесува 13.680.433.

Претходно, на 6-ти февруари 2020 година и охриѓанката Ефимија Маркоска освои 100 илјади денари, како дел од наградната игра „Мој ДДВ, моја награда“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука