Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

МВР: 164 лица не ја почитувале забраната за движење

Скопје, 5. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатото деноноќие (04/05.04.2020 година) на територијата на Република Македонија на 264 лица им се издадени решенија за изолација, а 24 лица потпишале изјави за самоизолација.

– Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и утврдено е дека едно лице не се придржуво до мерките за самоизолација. По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 164 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 122, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука