Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Крадци нападнале домар кој ги забележал како земаат старо железо пред хотел во Струга

Струга, 5. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 4-ти април 2020 година, во 14:00 часот во Полициската станица во Струга, 43-годишниот Е.П. од Куманово пријавил дека околу 12:30 часот, додека бил во хотел во Струга, каде бил вработен како домар, забележал две непознати лица како земале старо железо кое се наоѓало покрај хотелот.

– Потоа едно од лицата го нападнало со метален предмет. Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука