Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Корона Прашалник Охрид ТОП ВЕСТИ

#SediSiDoma: „Корона прашалник“ со Јован Секулоски на OhridPress

Охрид, 7. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Со интервјуа со бројни охриѓани, Супер радио и OhridPress ја продолжуваат кампањата #SediSiDoma.

За тоа како го поминуваат времето во карантин, како најбрзо поминува времето, со кои активности најчесто го исполнуваат, денес разговараме со Јован Секулоски од нуркачкиот центар „Амфора“.

OhridPress: Како се справувате со карантинот. Дали следите постојано на медиумите што се случува или се одлучивте за комплетна изолација?

Секулоски: Прилично добро, ми отвори простор да посветам внимание на некои проекти кои беа запоставени веќе подолго време. Најчесто ги следам надлежните органи со нивните претпоставени директно на Twitter/Facebook како извор на директни и веродостојни информации, како и одреден број медиуми.

OhridPress: Неколку совети од Ваша страна, односно што практикувате во домот за побрзо да помине времето во изолација?

Секулоски: Од моментот на будење го организирам времето во 4 часовни рутини во кои се трудам да имам различни активности. Моја препорака е да се одморете од гледање, читање или слушање вести, вклучително и социјалните медиуми, премногу посветување внимание на пандемијата може да биде вознемирувачко. Грижете се за вашето тело во рамки на можностите преку вежби и истегнувања, обидете се да јадете здраво со добро избалансирани оброци, избегнувајте алкохол и приоритизирајте квалитетно спиење. Пробајте некои нови активности или вештини, има изобилство туторијали на YouTube. Најважно од се е да комуницирате со луѓе на кои им верувате, а и одлична можност да се обноват некои стари пријателства.

OhridPress: Дали може да ни предложите некој филм, серија, музика или книга за нашите читатели?

Секулоски:
Филм: Once Upon a Time in Hollywood by Quentin Tarantino
Серија: HBO’s Chernobyl
Музика: Gai Barone – Organum (Dino Lenny Remix)
Книга: Cormac McCarthy – No Country for Old Men

OhridPress: Додека сме во домовите се конзумира повеќе храна. Некој предлог за омилено јадење за полесно да помине карантинот?

Секулоски: Телешко во сос од печурки и пире / Пилешки стек со ориз / Смути од ѓумбир, целер, спанаќ, јаболко, лимон, ананас.

OhridPress: Се надеваме дека за брзо време ќе го надминеме и овој сериозен предизвик. Што ќе направите прво по нормализирањето на состојбата и укинувањето на вонредната состојба:

Секулоски: Лично јас едвај чекам да направиме едно групно нуркање со членовите од нуркачкиот центар „Амфора“ и клубот за подводни дејности „Охрид“. А работите што ќе ги правам и ги поттикнувам другите да прават:

• Поддршка и изразување благодарност до сите поединци, приватни компании и одредени лица од државни институции за подобрување на моменталната состојба
• Поддршка на компаниите и пред се локалните мали бизниси кои имаат недостатоци на продажба
• Годишниот одмор да се искористи во нашата држава бидејќи туристичката индустрија е најмногу погодена од ова сценарио
• Да не се политизира оваа пандемија без разлика на вашето политичко убедување, на ваква состојба е потребен хуман пристап и тоа ни е должност на сите граѓани. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука