Спорт

Незадоволниот Марканен бара трејд

Чикаго, 7. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Финецот Лаури Марканен не е задоволен од амбициите на Чикаго Булс, имал желба да ја напушти франшизата. Според локалните медиуми не бил задоволен од работата на тренерот, клупските челници, менаџментот и од неговата улога во тимот.

„Ова е трета година како го слушаме незадоволството на Марканен. Вели дека работите во франшизата се одвиваат многу лошо и дека би сакал да ги напушти Чикаго Булс“, наведува „Чикаго Сан Трибјун“.

Марканен беше седми пик на драфтот во 2017 година. Во тековната сезона има просек од 14 поени и шест скока по натпревар.

Договорот на Марканен со Чикаго истекува во 2022 година кога ќе може како слободен играч да го напушти клубот. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука