Економија ТОП ВЕСТИ

ОХРИД купува од дома: Каде се’ може да нарачате достава

Охрид, април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Со најновите препораки со кои граѓаните ќе мора да останат во домовите, а во насока на намалување на гужвите во маркетите, аптеките и останатите сегменти кои се неопходни за нормално функционирање, Супер радио и информативните портали OhridPress и Inpress нудат бесплатен рекламен простор за сите компании од Охрид, Струга и околината кои нудат достава на намирници, лекови, готова храна и се’ останато што им е потребно на граѓаните, додека траат мерките за заштита од Коронавирусот.

Супермаркетот ВИПС врши достава до дома за време на полицискиот час. Минималниот износ за нарачка е 500 денари, а доставата е бесплатна. Работното време е од 09:00 до 19:00 часот, а нарачките можат да се направат на телефоните: 070/968-256, 070/261-664 и 070/331-414. Наплатата се врши во готово или со картичка.

No photo description available.

Почитувани клиенти, Поради актуелната состојба во Македонија, пицерија Prova ќе работи од 09:00 до 15:30 часот (понеделник-петок). Телефонот за нарачки е 070/563-800 со бесплатна достава до вашиот дом.

Image may contain: pizza and food

Од Irish pub FIVE, кој се наоѓа на улицата „Македонски просветители“ број 1, наспроти судот вршат бесплатна достава до секој дом за нарачка од 500 денари. За нарачки и достава до 13:00 часот нудат и попуст од 15% на целокупното мени. Информации на телефонот 076/625-083.

Сите останати компаниии кои се заинтересирани можат да го контактираат маркетинг секторот на телефонот 075/45 32 94 или на e-mail адресата superradio@superradio.com.mk. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука