Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Корона Прашалник Охрид ТОП ВЕСТИ

#SediSiDoma: „Корона прашалник“ со Ѓоко Наумовски на OhridPress

Охрид, 9. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Со интервјуа со бројни граѓани, Супер радио и OhridPress ја продолжуваат кампањата #SediSiDoma.

За тоа како го поминуваат времето во карантин, како најбрзо поминува времето, со кои активности најчесто го исполнуваат, денес разговараме со Ѓоко Наумовски, сопственик на охридската МЕГА продукција.

OhridPress: Како се справувате со карантинот. Дали следите постојано на медиумите што се случува или се одлучивте за комплетна изолација?

Наумовски: Искрено добри ми дојде карантинот малку да одмориме бидејќи имав неколку години напорни со работа и на лето и на зима и не успеав да најдам време за себе и фамилијата. Ова дојде како „кец на десетка“, само се надевам дека нема да трае предолго. Се’ што е премногу не чини. Студиото си го „зипував“ во дамашни услови моментално средувам архива, па имам едно 40-50 TB што треба да ги проверам и средам така да ќе имам бар уште еден месец работа дома ?. Конечно можеме да се видиме и фамилијарно кој каде сме и да поуживаме малку во заедничкото време. Гледам да сум повеќе со мојата ќерка и сопруга, да надоместам барем дел од изгубеното време што не сме биле заедно – а требало. ТВ не гледам воопшто, обично се информирам преку електронските медиуми во скратена постапка што се новите информации околу вирусот и цело време музика и филмови.

OhridPress: Неколку совети од Ваша страна, односно што практикувате во домот за побрзо да помине времето во изолација?

Наумовски: Како што напоменав предходно идеален момент за одмор, доста користам време и да научам нешто ново околу работите кои ми се потребни некој нов програм за едитирање, некоја нова камера, туторијали за учење некои нови техники на снимање и фотографирање итн. На интернет има се’ само треба да се најде тоа што ти треба. Во доцните вечерни часови време е за филмови и така секој ден.

OhridPress: Дали може да ни предложите некој филм, серија, музика или книга за нашите читатели?

Наумовски: Сега за сега ги прегледувам одново сите филмови на МАРВЕЛ – малку научна фантастика.

OhridPress: Д0дека сме во домовите се конзумира повеќе храна. Некој предлог за омилено јадење за полесно да помине карантинот?

Наумовски: Не можам да речам дека сум некој голем гурман, задоволен сум со многу малку така да и сопругата нема некои поголеми проблеми со готвењето храна. Но добар сум во правење лазањи и тоа е исклучиво моја задача.

OhridPress: Се надеваме дека за брзо време ќе го надминеме и овој сериозен предизвик. Што ќе направите прво по нормализирањето на состојбата и укинувањето на вонредната состојба?

Наумовски: Зависно кога ќе заврши целата работа со вирусов, по некои проценки најверојатно ќе биде јуни-јули така да ќе биде бурно лето. Имаме доста договорени свадби во Македонија и надвор од тука, па ќе треба се’ да се изменаџира и да се сработи. Сега за сега цела екипа е во добра кондиција и подготвени сме кон нови предизвици. Чекаме само да помине карантинот и да продолжиме со некој „нормален“ живот – ќе видиме каков ќе биде после сето ова. Битно е да помине што побрзо и со помал број на жртви. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука