Избор Охрид

СЕММ во Охрид ќе го промовира принципот за саморегулација во медиумите

Охрид, 24. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – Денес во Охрид ќе се одржи презентација на принципот за Саморегулација во медиумите на Советот на етика (СЕММ). Станува збор за принцип кој води до поголема професионалност и етички стандарди во новинарството.

На средбата во Охрид ќе присуствуваат членовите на Управниот одбор, на Жалбената комисија и на Извршната канцеларија. Тие ќе го промовираат принципот на саморегулација, досегашните искуства на Советот за етика и соработката со слични тела во меѓународни рамки.

СЕММ е невладина организација формирана од повеќе медиуми пред една година, а функционално започна со работа пред околу 6 месеци. Главната цел на СЕММ е поголем степен на почитување на етичките стандарди во новинарството, како и поедноставен пристап на јавноста (граѓани, институции и правни лица) до раководствата на медиумите, кога ќе се почувствува некаква повреда на дел од правата или непрофесионално известување. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави