COVID-19 Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична за лице од Велешта, затекнато на улица во Охрид за време на полициски час

Охрид, 9 април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Безбедносната состојба на подрачјето на седумте општини што ги покрива СВР Охрид е стабилна, информираат од Секторот.

– Изминатово деноноќие, во периодот од 07:00 часот на 8-ми до 07:00 часот на 9-ти април 2020 година, две лица (Охрид-1, Струга-1) не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19. Во истиот период, не се регистрирани собирања на граѓани, кражби и сообраќајни незгоди. Во текот на вчерашниот ден околу 17:00 часот, при извршена контрола на булеварот „Туристичка“ во Охрид, затекнат е 27-годишниот Б.К. од струшкото село Велешта кој, извршил злоупотреба на добиената дозвола за движење, со важност само за атарот на селото. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава. На 8-ми април 2020 година, околу 18:00 часот, во полициската станица во Струга, пријавен е нарушен јавен ред и мир, со карање и оштетување на предмети, извршено на улицата „Елпида Караманди“ во Струга. Приведен е нарушителот, 25-годишниот И.Д. од Струга и против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14 – дневна самоизолација. Нема нови лица со решение за изолација и извршени се 26 контроли на лицата кои веќе се во изолација (Охрид-14, Струга-9 и Кичево-3). Евидентирани се 29 нови лица во самоизолација, (Охрид-2, Струга-19, Дебар-8) и извршени се 262 врз овие лица (Охрид-3, Струга-188, Кичево-3 и Дебар-68). На подрачјето на СВР Охрид, регистрирани се вкупно 627 лице што се под задолжителна мерка државен карантин (Охрид- 326, Струга- 301) кои се сместени во пет сместувачки објекти. Полициските службеници извршија 56 контроли на угостителски објекти, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука