Стружани во очекување на гостувањето на МНТ со „Парите се отепувачка“
Струга, 24. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – По повод 115 години од раѓањето и 40 години од смртта на Ристо Крле, на 26-ти април, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга премиерно ќе биде изведена „Парите се отепувачка“ – на МНТ, надридрамата на режисерот Бојан Трифуновски.
Претставата е работена според мотиви од истоимената битова пиеса на Ристо Крле и романот Деветтата конфигурација на Вилијам Питер Блати.
Се работи за проект во кој тие, врз основа на текстот на Ристо Крле, сакале да раскажат една приказна за една генерација која што се обидува да комуницира со духови.
Влезот е 100 денари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |