Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Корона Прашалник Охрид ТОП ВЕСТИ

#SediSiDoma: „Корона прашалник“ со Илија Пиперкоски на OhridPress

Охрид, 11 април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Со интервјуа со бројни граѓани, Супер радио и OhridPress ја продолжуваат кампањата #SediSiDoma.

За тоа како го поминуваат времето во карантин, како најбрзо поминува времето, со кои активности најчесто го исполнуваат, денес разговараме со режисерот Илија Пиперкоски.

OhridPress: Како се справувате со карантинот. Дали следите постојано на медиумите што се случува или се одлучивте за комплетна изолација?

Пиперкоски: Како и секој човек денес, така и јас, времето го поминувам дома. Гледам колку што можам повеќе да се занимавам со теми и идеи кои ми одржуваат ментална гимнастика на умот. Иначе, читам скоро се’. Дури и лажни вести. Живееме во време во кое сме сведоци на еден процес кој се случува на планетарно ниво и кој ќе остави последици. Како го учиме по пат и реагираме секој ден и како се справуваме. Каде грешиме и што ќе научиме и како ќе заврши сето ова…

OhridPress: Неколку совети од Ваша страна, односно што практикувате во домот за побрзо да помине времето во изолација?

Пиперкоски: Јас конечно имам време да ги завршам сите работи кои ми биле оставени за чекање. Дали да слушнам некој нов музички албум, да прочитам од купените книги кои не сум ги прочитал, да развијам некоја идеја за било каков филм (игран филм, документарен, краток филм…) имам многу идеи кои ми останале неразвиени. Се надевам на подобро утре, затоа и пишувам. Играм на x-box, гледам филмови, старо-нови сериски филмови, гледам да правам кардио прошетки по планина…

OhridPress: Дали може да ни предложите некој филм, серија, музика или книга за нашите читатели?

Пиперкоски: Од преголемиот избор, би ги издвоил овие предлог листи:

Филмови: Interstellar, Take Sheller, The Gentleman, Lucy, Birds of Pray: Harley Quinn, Logan, The Fountain, Vive la France, We are the Millers, The Orphan…

Серии: Altered Carbon, Ray Donovan, Westworld, The Mandalorian, Stranger Things, The Witcher, The Boys…

Книги: Хазардски Речник – Милорад Павиќ, Вторниците со Мори – Мич Елбом, Не е крив убицата, крив е убиениот – Франк Верфел, Знам што мислиш! – Лилијан Глас…

Музика: Во овој карантински период најчесто ја слушам електронската музика. Оваа е мојата плеј листа…

 

 

 

 

OhridPress: Додека сме во домовите се конзумира повеќе храна. Некој предлог за омилено јадење за полесно да помине карантинот?

Пиперкоски: Кујната на мајка ми: рижото со морски плодови, грав, грашок, спанаќ, риба, салати, кифли, пица, паста…

OhridPress: Се надеваме дека за брзо време ќе го надминеме и овој сериозен предизвик. Што ќе направите прво по нормализирањето на состојбата и укинувањето на вонредната состојба?

Пиперкоски: Би сакал да се врати барем дел од нормалното живеење, каде што луѓето се дружат и одат на кино. Посакувам мојот последен игран филм „Дедо и Внук“ да прошета на некој од филмските фестивали. Како ќе биде, не знам, само се надевам. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука