Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Корона Прашалник Охрид ТОП ВЕСТИ

#SediSiDoma: „Корона прашалник“ со Анита Мицова на OhridPress

Охрид, 12 април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Со интервјуа со бројни граѓани, Супер радио и OhridPress ја продолжуваат кампањата #SediSiDoma.

За тоа како го поминуваат времето во карантин, како најбрзо поминува времето, со кои активности најчесто го исполнуваат, денес разговараме со познатата пејачка Анита Мицова.

Image may contain: 4 people, including Marko Trajkoski and Anita Micova, people smiling

OhridPress: Како се справувате со карантинот. Дали следите постојано на медиумите што се случува или се одлучивте за комплетна изолација?

Мицова: Неизбежно е да се прескокнат информациите околу темава, но морам да признам дека најчесто телевизорот е уклучен на бебешките канали :)

OhridPress: Неколку совети од Ваша страна, односно што практикувате во домот за побрзо да помине времето во изолација?

Мицова: Со две деца дома верувајте дека никогаш не е досадно и секогаш има по некоја обврска, за опуштање често знам да застанам на пиjано, да пуштам музика, па за да е уште позабавно наместив и професионално узвучење за да пее кој сака и колку сака :)

OhridPress: Дали може да ни предложите некој филм, серија, музика или книга за нашите читатели?

Мицова: Филм, секоја комедија е добредојдена, серија – „Chef`s table“, музика – Ash, Norah Jones, Postmodern jukebox…

OhridPress: Додека сме во домовите се конзумира повеќе храна. Некој предлог за омилено јадење за полесно да помине карантинот?

Мицова: Пица (се зезам) :), во последно време практикувам да готвам македонски јадења, од кои би ги одвоила како омилени: сарма, сите видови на манџи, спанаќ, грав, комад…

Image may contain: 2 people, people smiling, people standing, pizza, food and indoor

OhridPress: Се надеваме дека за брзо време ќе го надминеме и овој сериозен предизвик. Што ќе направите прво по нормализирањето на состојбата и укинувањето на вонредната состојба?

Мицова: Сигурно со најблиските пријатели во некој ресторан покрај езеро, и со надеж дека оваа вондредна состојба ќе ја покрене свеста кај сите нас и ќе сфатиме кој се вистинските вредности. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

На Анита денес и е роденден и од целата екипа на OhridPress и посакуваме НАЈМНОГУ среќа, здравје и успех…

Happy Birthday to You - Wikipedia

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука