Забава Избор Корона Прашалник Струга ТОП ВЕСТИ

#SediSiDoma: „Корона прашалник“ со Сашо Бетоски на OhridPress

Охрид, 13 април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Со интервјуа со бројни граѓани, Супер радио и OhridPress ја продолжуваат кампањата #SediSiDoma.

За тоа како го поминуваат времето во карантин, како најбрзо поминува времето, со кои активности најчесто го исполнуваат, денес разговараме со афористичарот од Вевчани Сашо Бетоски.

Image may contain: Сашо Бетоски

OhridPress: Како се справувате со карантинот. Дали следите постојано на медиумите што се случува или се одлучивте за комплетна изолација?

Бетоски: Карантинот не научи сите нас дека сепак домот е најтопол. Следиме од медиумите за се’ што се случува за време на пандемијата. За комплетна изолација не можам да се одлучам, бидејќи во моментов потребен сум им и на моите, но и на семејството на мојата сопруга за нормално да функционираме.

OhridPress: Неколку совети од Ваша страна, односно што практикувате во домот за побрзо да помине времето во изолација?

Бетоски: Сега го имаме сето време на светот, па нели е прав момент повеќе да ги запознаеме своите деца, да ги слушнеме нивните размислувања. Зарем има нешто посвето од нив.

Image may contain: Сашо Бетоски, standing

OhridPress: Дали може да ни предложите некој филм, серија, музика или книга за нашите читатели?

Бетоски: Од сето набројано број 1 книгата „Животот занает најтежок“ од Бошко Смаќоски.

OhridPress: Додека сме во домовите се конзумира повеќе храна. Некој предлог за омилено јадење за полесно да помине карантинот?

Бетоски: Како голем гурман, јас и пред кризава долго се задржував во кујна. Сакам да експериментирам со вкусовите. Еве еден предлог мој рецепт:

Пастрмка „А ла Бетос“

– 4 парчиња пастрмка (по околу 250-300 грама)
– 1 лимон
– 1 морков
– 4 главички лук
– 1 филџан масло
– пола чаша вино
– пола чаша вода
– сол, вегета и бибер по вкус.

Во едена тепсија се става маслото, виното и водата. Се додаваат рендан морков, рендан лук и исцедениот сок од лимонот. Потоа се додаваат зачините. Сето добро се меша и се додаваат рибите. Рибите се тријат со смесата и се полнат во внатешноста. Се пече покриено со алуминиумска фолија 45 минути на 220 степени. На здравје.

Image may contain: Сашо Бетоски

OhridPress: Се надеваме дека за брзо време ќе го надминеме и овој сериозен предизвик. Што ќе направите прво по нормализирањето на состојбата и укинувањето на вонредната состојба?

Бетоски: Бидејќи немам коса фризер отпаѓа, па ми останува со семејството да посетиме некое атрактивно место во природа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука