Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Корона Прашалник Струга ТОП ВЕСТИ

#SediSiDoma: „Корона прашалник“ со Тоше Танески на OhridPress

Охрид, 13 април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Со интервјуа со бројни граѓани, Супер радио и OhridPress ја продолжуваат кампањата #SediSiDoma.

За тоа како го поминуваат времето во карантин, како најбрзо поминува времето, со кои активности најчесто го исполнуваат, денес разговараме со Тоше Танески од групата Балкан џем.

OhridPress: Како се справувате со карантинот. Дали следите постојано на медиумите што се случува или се одлучивте за комплетна изолација?

Танески: Да, комплетно сум изолиран во кругот на семејството, а што се однесува до медиумите, во последно време се трудам да ги избегнам.

OhridPress: Неколку совети од Ваша страна, односно што практикувате во домот за побрзо да помине времето во изолација?

Танески: Бидете креативни, слушајте музика, тие што свират на некој инструмент нека свират, играјте друштвени игри со семејството.

OhridPress: Дали може да ни предложите некој филм, серија, музика или книга за нашите читатели?

Танески: Слушајте квалитетна музика, секоја прочитана книга е добредојдена во моментов, а што се однесува на филм гледајте комедии.

OhridPress: Додека сме во домовите се конзумира повеќе храна. Некој предлог за омилено јадење за полесно да помине карантинот?

Танески: Омилена храна секогаш ми се лазањи, само без претерување. Секогаш на зезање и викам на жена ми: тргни ги магнетите од фрижидер, ме влечат накај него :).

OhridPress: Се надеваме дека за брзо време ќе го надминеме и овој сериозен предизвик. Што ќе направите прво по нормализирањето на состојбата и укинувањето на вонредната состојба?

Танески: Најмногу ми недостига кафана, штом заврши сево ова прво ќе отидам во кафана, а и ми недостигаат свирките со Балкан Џем, се надевам дека добро ќе се забавуваме! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука