Забава Корона Прашалник ТОП ВЕСТИ

#SediSiDoma: „Корона прашалник“ со Ана Бојаџиев на OhridPress

Охрид, 14. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Со интервјуа со бројни граѓани, Супер радио и OhridPress ја продолжуваат кампањата #SediSiDoma.

За тоа како го поминуваат времето во карантин, како најбрзо поминува времето, со кои активности најчесто го исполнуваат, денес разговараме со Ана Бојаџиев од интернет порталот Ohrid4U.

OhridPress: Како се справувате со карантинот. Дали следите постојано на медиумите што се случува или се одлучивте за комплетна изолација?

Aна: Во моментов работам од дома. Во време кога економската состојба е несигурна за многу фирми, среќна сум што фирмата за која работам не може да земе здив. Дистрибутери сме на материјали за пакување храна, така да имаме доста работа. Денот ми почнува околу 06:30 наутро кога одам на пешачење околу половина час. Со работа започнувам околу 08:00 и работам до 17:00 часот. Вечерите ги користам за мала релаксација. Обично гледаме некој филм или слушаме музика. Ги следиме случувањата во светот околу короната. Во Холандија е спроведен таканаречен „интелигентен“ lockdown. Секој кој има услови да работи од дома – треба да работи од дома. Останатите одат на работа во фирмите каде што се превземени превентивни мерки. Во супермаркети, банки и други јавни места луѓето се држат на растојание од метар и половина. Секаде во градот се достапни средства за дезинфекција. Казни се применуваат само ако поединци не ги почитуваат новите правила на држење растојание.

OhridPress: Неколку совети од Ваша страна, односно што практикувате во домот за побрзо да помине времето во изолација?

Aна: Значи барајте нешто што сте го одложувале подолго време. Генерално чистее на куќата е добра терапија хаха, работа во градина, фото албуми, играње карти со семејството. Придружете им се на вашите деца во игри на Play station. Барајте некое ново хоби или занимација… Придружете се на волонтерски организации или како поединец помагајте им на тие што во моментов им е потребна помош. На мојот сајт, а и во прилог на ова интервју е и линкот на кој можете да донирате финансиска помош. Средствата одат за купување на основни продукти за хигиена и храна за постари луѓе кои немаат никаква помош и семејства на кои им е потребна помош.

OhridPress: Дали може да ни предложите некој филм, серија, музика или книга за нашите читатели?

Ана: Обожавам филмови и серии. Во моментов ја следам серијата Narcos… Можам со сигурност да Ви ја препорачам. Еден од последните филмови кој го гледав е Captain Phillips со Tom Hanks. Бев воодушевена од начинот на кој е снимен филмот, базиран врз вистински настан. Нема да Ви кажам за што се работи… ? погледнете го.

OhridPress: Додека сме во домовите се конзумира повеќе храна. Некој предлог за омилено јадење за полесно да помине карантинот?

Ана: Луѓето што ме познаваат знаат дека обожавам храна. Немам некое омилено јадење. Се трудам да јадам здраво. Вкусно јадење и добро вино се за мене рецепт за убава вечер ?. Треба да се ужива во се’ што правиме… Јадењето е обично симбол на дружба и добро расположение. Во вакви денови треба да се најде начин сами да си направиме добро расположение дома.

OhridPress: Се надеваме дека за брзо време ќе го надминеме и овој сериозен предизвик. Што ќе направите прво по нормализирањето на состојбата и укинувањето на вонредната состојба?

Ана: Ќе почнам да си го планирам одморот за на лето ?. Зборувам нормално за Охрид. Вие знаете дека се трудам дури и во вакви несигурни времиња да си го промовирам мојот роден град. Тоа го правам преку мојот сајт www.ohrid4u.com и Facebook. Мислам дека многу луѓе ќе ја имаат истата идеја. Ситуацијава ќе потрае и превентивните мерки за држење растојание и дезинфекција ќе постанат дел од животот. Но, во моментот кога авионските летови ќе бидат повторно активни (а тоа мора да се биде наскоро), ќе настане хаос на резервации. Некои ќе ме наречат дека сум оптимист… можеби… Но во вакво време надежта и позитивното размислување се суштински. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука