
#SediSiDoma: „Корона прашалник“ со Жанко ЗШ Голабоски на OhridPress
Охрид, 16. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Со интервјуа со бројни граѓани, Супер радио и OhridPress ја продолжуваат кампањата #SediSiDoma.
За тоа како го поминуваат времето во карантин, како најбрзо поминува времето, со кои активности најчесто го исполнуваат, денес разговараме со радио водителот Жанко ЗШ Голабоски.
OhridPress: Како се справувате со карантинот. Дали следите постојано на медиумите што се случува или се одлучивте за комплетна изолација?
Голабоски: Може да се рече дека се справувам нормално, бидејќи си го планирам времето и ги следам постојано препораките. Ако сме сите дисциплинирани, многу е едноставно и побрзо ќе се справиме со проблемот. Но, на терен за жал не е така…
OhridPress: Неколку совети од Ваша страна, односно што практикувате во домот за побрзо да помине времето во изолација?
Голабоски: Јас конкретно времето кое е дозволено да сме надвор го користам за прошетка по планина, велосипедски тренинг и прошетка со кучето, нормално однесувајќи се според препораките и никогаш во група повеќе од тројца. Последните денови не повеќе од двајца. Па потоа во домот стално има нешто да се среди, да се премести, да се складираат некои предмети кои се трупале до години, едноставно ова е можност да ги исчистиме домовите, исто како и планетата.
OhridPress: Дали може да ни предложите некој филм, серија, музика или книга за нашите читатели?
Голабоски: Па од филмови би предложил комедии, цртани филмови, Монти Пајтон, Чарли Чаплин итн. Ете и шанса да се вратиме и на книгата одамна немавме седнато некоја книга да прочитаме :). И нормално добра музика стално влијае на позитивно расположение (турбо фолк не се рсчунат :))
OhridPress: Додека сме во домовите се конзумира повеќе храна. Некој предлог за омилено јадење за полесно да помине карантинот?
Голабоски: Па кога сме кај јадењето, генерално шо повеќе си дома, то појке јадиш, од досада. Е зато треба да внимаваме малку и на исхраната. Иначе, мене омилено ми е да им направам одвреме на време лазањи, да не речет дома ништо не прајш :). А предлог би дал ребро во фурна, мешана салата и црвено вино :).
OhridPress: Се надеваме дека за брзо време ќе го надминеме и овој сериозен предизвик. Што ќе направите прво по нормализирањето на состојбата и укинувањето на вонредната состојба?
Голабоски: Па ко ‘е се нормализира се’, планирам да поседам уште една недела дома :) да не ми дојде наеднаш. Па прво ќе се разбудам ќе си удрам еден шамар, ако ме заболи значи добро е. Го земам ранецот, шаторот и три дена в планина. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |