Избор Охрид

Деца од охридските градинки ја посетија полициската станица за граничен надзор (Фото)

Охрид, 24. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – Седумдесеттина деца од предучилишна возраст од детските градинки „Развигорче“, од централната во Охрид и подрачната градинка во Лескоец, денес имаа посета и едукативен час во полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“.

decagranicennadzor2

– Со активностите на езерската полиција во заштита на државната граница и заштита на рибниот фонд на Охридското Езеро како и за другите мерки и корисни информации поврзани со работата, најмладите ги запозна командирот на полициската станица за граничен надзор-самостоен инспектор, Миле Колески. Командирот заедно со тимот на езерската полиција, на најмладите им покажаа и дел од опремата и материјално-техничките средства што ги користи езерската полиција, информираат од СВР Охрид.

decagranicennadzor3

Најмладите ги видоа полициските чамци и глисери, како и возилата и полициските моторцикли што постојано се користат во секојдневното извршување на работните задачи.

decagranicennadzor4

Денешната посета на децата од детските градинки е планирана активност во рамките на проектот „Мојот пријател полицаец“. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: СВР Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави