Забава Избор Корона Прашалник Охрид ТОП ВЕСТИ

#SediSiDoma: „Корона прашалник“ со Александар Илоски (Dj Face) на OhridPress

Охрид, 17. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Со интервјуа со бројни граѓани, Супер радио и OhridPress ја продолжуваат кампањата #SediSiDoma.

За тоа како го поминуваат времето во карантин, како најбрзо поминува времето, со кои активности најчесто го исполнуваат, денес разговараме со Александар Илоски или Dj Face.

OhridPress: Како се справувате со карантинот. Дали следите постојано на медиумите што се случува или се одлучивте за комплетна изолација?

Dj Face: Пред се благодарност до OhridPress за ова интервју како и поздрав до сите читатели. Искрено, додека трае пандемијата на овој вирус често слушам поплаки од блиски пријатели и роднини како тоа во текот на пандемијата тешко и досадно го поминуваат времето, додека пак кај мене е сосема обратно и ми годи поради тоа што ми фалеше ваков период да се изолирам од секојдневието како и од информациите на медиумите освен од тие најприоритетни.

OhridPress: Неколку совети од Ваша страна, односно што практикувате во домот за побрзо да помине времето во изолација?

Dj Face: Секој човек на различен начин може да си го исполни своето слободно време кое во овој случај е невообичаено големо. Јас секој ден по себе си го организирам со различни занимации што предходно поради секојдневните активности не ми останувало време. Фамилијата и дружбата со моите деца е голем дел од секојдневието, тука спаѓаат и видео игрите како и мојата работа пуштањето, пребарувањето и снимањето на музика, читање на книги, филмови, серии како и се што е потрбно од мене за помош во домот.

OhridPress: Дали може да ни предложите некој филм, серија, музика или книга за нашите читатели?

Dj Face: Различни видови на филмови и серии се изнагледав во периодов и тешко можам да одберам фаворит, но ете филм нека биде „Contratiempo”, серијата е многу добра и од нашите бивши простори, а таа е „Убице мог оца“. Околу музиката што во прериодов ја изнаслушав е од повеќе жанрови со тоа што си направив дополнително да си направам периодот по интересен, а би издвоил се’ што е ново и актуелно како Justin Bieber, Drake, The Weeknd и многу други. Дефинитивно книгата е „Се гледаме на врвот”.

OhridPress: Додека сме во домовите се конзумира повеќе храна. Некој предлог за омилено јадење за полесно да помине карантинот?

Dj Face: Во пресрет на најголемиот Христијански празник Велигден, Мене карантинот ми помина во пост, со тоа што конзумирав се од овошје и зеленчук без мрсна храна и со умерено конзумирање на истата. Течности, овошје и зеленчук! Тоа е тоа! ?

OhridPress: Се надеваме дека за брзо време ќе го надминеме и овој сериозен предизвик. Што ќе направите прво по нормализирањето на состојбата и укинувањето на вонредната состојба?

Dj Face: Пред се’ прво што ќе направам, ќе отидам кај мајка ми и силно ќе ја прегрнам поради тоа што препораките се за да немаме блиски контакти со повозрасните лица. Потоа првата журка и враќањето на предходната рутина од град во град од клуб во клуб, дружба со пријателите и другарите поддржана со голема количина на течности и мрсна храна, што е спротивното на горенаведеното со зеленчук и овошје. ? И се’ останато од пред карантинското секојдневие што веќе по малку почнува да ми фали. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука