COVID-19 Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Младите над 14 години треба да се придржуваат до мерките, исто како возрасните

Скопје, 27. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Малите деца ќе бидат целосно заштитени ако возрасните ги носат маските, а децата над 14 години треба да се придржуваат кон мерките исто како и возрасните, вели министерот за здравство Венко Филипче. 

– Малите деца ќе бидат целосно заштитени ако возрасните ги носат маските. Децата над 14 години треба да се придржуваат кон мерките исто како и возрасните. А најмалите во затворени простории или кога е навистина голема група надвор во која не може да се одржи дистанцата, некаква форма на прекривка. Сметам дека апсолутно со оваа мерка сите треба да бидат заштитени, рече Филипче.

Тој ќе побара од Владата уште од денес да почне да се казнуваат граѓаните кои нема да носат заштитна маска, бидејќи дел од граѓаните не ги почитуваат мерките, не носат или несоодветно ги носат заштитните маски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука