Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Корона Прашалник ТОП ВЕСТИ

#SediSiDoma: Погледнете ја култната претстава Радован Трети

Охрид, 26. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во насока на полесно следење на препораките за спречување на ширењето на Коронавирусот, OhridPress постојано Ви објавува интересни содржини за охриѓани да останат во домовите, но и да имаат нешто интересно за следење.

Денешниот сончев ден во Охрид, прв по карантинскиот викенд, сигурно ќе го искористите за набавка на намирници, да завршите некоја неопходна работа или кратка прошетка. Сепак, вечерва после 19:00 часот, кога започнува полицискиот час, одвојте близу три часа и погледнете ја веќе култната претстава Радован Трети.

Радован Трети е приказна за човек од „стариот крај“, кој е заглавен на својот 12-ти спрат. Приказна за човек кој се нема снајдено, кој кука по својот роден крај, ама не смее назад. Му останува само да се мачи себе, а уште повеќе неговите, а неговото лудило може слободно да се размавне во сите правци, фокусирано на најлутите непријатели – комшиите Вилотиќ. Извонредниот текст е на Душан Ковачевиќ, а режијата на Драгољуб Муци Драшкиќ. Неповторливиот Зоран Радмиловиќ од претставата прави жив споменик на себе и на својот бравурозен и експлозивен актерски талент. Претставата Радован Трети во белградско Атеље 212 е играна точно 299 пати. (Крај)

извор: ОхридПресс/ОффНет фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука