Забава Избор

Боби Мојсовски продолжува во регрутниот камп на Х Фактор

Белград/Охрид, 27. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Боби Мојсовски благодарение на неговите пејачки квалитети, не предизвика ни малку двоумење кај членовите на жири комисијата на регионалното натпреварување Х Фактор, за да го предложат да продолжи да биде дел од шоуто.

Посебно неговиот одреден ментор, Александра Ковач имаше задача од голем број кандидати, да задржи само шестмина. Боби останува меѓу шестмината натпреварувачи во групата на Ковач, во т.н. регрутен камп.

Иако имаше силна конкуренција, сепак одличната изведба на Боби на класик рок хитот „Carry“ од бендот Europe, беше и повеќе од доволен доказ дека на сцената стои изграден пејач, кој дефинитивно треба да продолжи да се натпреварува.

Масимо Савиќ, кој важи за еден од најстрогите во жири комисијата, даде висока оценка за изведбата на Боби, кратко велејќи:

– Браво момче, маестрално изведено!

Понатаму следуваат задачи за учесниците, каде ќе треба да научат за одредено време да отпеат песна во дует, група, или соло. (Крај)

https://www.youtube.com/watch?v=HPrePDh9KSU

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави