COVID-19 Економија Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

TUI го помести можниот датум за старт на летовите кон Охрид од 6-ти на 18-ти јуни

Охрид/Брисел, 15. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – TUIfly Белгија ги објави плановите за започнување на сезонските летови помеѓу Брисел и Охрид за престојната летна сезона.

Според првичниот план, услугите требаше да започнат на 6-ти јуни со динамика од еден лет неделно, секоја сабота. Поради пандемијата, флотата на TUIfly Белгија во моментов е приземјена, а од компанијата како следен можен датум за продолжување со нормална работа го посочуваат 18-ти јуни, јави порталот exyuaviation.com.

Покрај TUIfly, и неколку други авиокомпании кои требаше да започнат со летови за Македонија ова лето, ги откажаа плановите поради пандемијата на коронавирусот COVID-19. Меѓу нив се и SunExpress со летовите од Измир до Скопје и Israir од Тел Авив.

Групацијата TUI објави дека ќе отпушти 8.000 работници во обид да ја надмине тековната криза. (Крај)

извор: exyuaviation.com фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука