ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охриѓанецот Кадри Селман продолжува да го разубавува Охрид

Охрид, 20. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Кадри Селман, вработен во „Паркови и зеленило“ на ЈП „Охридски комуналец“, создава убавина која плени, афирмирајќи го градот во вистинското светло.

Пред фигурите, кои Кадри ги обликува од украсните грмушки, застануваат охриѓани и гостите, испуштаат по некоја воздишка, честитаат, сликаат, прават селфи за спомен.

Денеска Кадри работеше во центарот на градот и го средуваше зеленилото пред споменикот на Св. Климент Охридски.

Image may contain: one or more people, people standing, plant, tree, flower and outdoor

Image may contain: one or more people, people standing, plant, tree and outdoor

Кадри Селман, е вработен во „Паркови и зеленило” на ЈП „Охридски комуналец”. Се` е негово, од идеја до реализација. Дури и самиот си купил специјални ножици.

Кадри е уметник-самоук, вели, со две дипломи за средно образование. Завшил техничко-текстилно, но и електро-машинско училиште.

– Во ЈП „Охридски комуналец“ сум над 30 години, а во „Паркови и зеленило“ полни 14. Фигури обликувам во текот на последниве десетина години. Работам сам, иако би сакал да имам помошник, на кого ќе му ја пренесам вештината на обликување фигури, вели Кадри. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Кадри Селман

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука