Спорт

Херта со „покер“ за Унион го доби берлинското дерби (видео)

Берлин, 23. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Првиот меч од 27. коло во германската Бундеслига, единствената топ 5 лига која се врати во акција, се „разгоре“ во второто полувреме, за Херта со 4:0 да го „прегази“ малиот градски ривал Унион.

По првото полувреме без голови, Херта бргу го реши победникот на дербито кое обично носи бучна публика и жестоки дуели, откако за една минута постигна два гола, прво преку Ведад Ибишевиќ во 51. минута, а веднаш потоа преку Доди Лукебакио. Матеуш Куња во 61. минута зголеми на 3:0, за Дедрик Бојата во 77. минута да ги постави конечните 4:0.

Со победата, Херта се искачи на 10. место на табелата со 34 поени, додека Унион останува на 12. место со 30 поени.

Второто „корона“ коло во Бундес лигата продолжува денеска со нови пет натпревари од кои најатрактивно е соочувањето на Борусија Менхенгладбах и Баер Леверкузен.Дуелот на третиот и петиот на табелата во елиатата на Германија може да даде одговор на тоа кој од овие два тима има поголема желба и квалитет за пласман во ЛШ на УЕФА за следната сезона.

Во истиот термин од 15:30 ќе се играат и пресметките: Фрајбург-Вердер Бремен, Падерборн-Хофенхајм, и Волфзбург–Борусија Дортмунд. Во терминот од 18:30 Баерн Минхен го дочекува А.Франкфурт.

Утре на програмата се дуелите Шалке-Аугсбург,Мајнц-Лајпциг и Келн-Фортуна Дизелдорф. (Крај)

извор: Топспорт/Дриблинг фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука