Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Две лица од Скопје го нарушиле јавниот ред и мир во Охрид, едниот скршил стакло од влезна врата на зграда

Охрид, 23. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 22-ри мај 2020 година, околу 02:30 часот, на улицата „Никола Карев“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир од страна на две лица од Скопје.

– Пријавено е карање и викање помеѓу 21-годишниот А.Т. и четири години помладиот С.М., двајцата од Скопје. Притоа, С.М. со удар со рака скршил стакло од влезна врата на зграда лоцирана на истата улица. Двајцата се повикани во СВР Охрид по што ќе им бидат поднесени соодветни пријави, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука