Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридскиот кардиохирург Марјан Шокаровски дел од тимот кој ја изведе првата трансплантација на срце во македонското здравство

Скопје/Охрид, 23. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Кардиохирургот д-р Марјан Шокаровски од Охрид беше дел од тимот кој ноќеска изведе сложена 6-часовна операција на државната Клиника за кардиохирургија на 54-годишен пациент на кого успешно му било трансплантирано срце.

Станува збор за првата кадаверична трансплантација на срце во нашата земја, односно трансплантација од починат донор, јави охридската ТвМ.

– Кога се губи живот, најблагородна работа која може да се направи е да се донира за да се спасат други животи. Потребна е храброст и семејствата на починатите кои се одлучуваат на тој чекор се вистинските херои. Ова е голем настан за секој хирург но уште поважно за пациентот. Емоциите не се слегнати. Се’ уште трае возбудата. Станува збор за исклучително тешка и ризична операции која бара предходно огромна организација, но доаѓа наеднаш, ад хок и хирургот мора да биде подготвен во секој момент да влезе во сала и да изврши една таква операција. Кај нас не се знае кога ќе има донор. Мал е бројот на семејствата кои се одлучуваат по смртта на блиските да дозволат донирање органи, посебно кога станува збор за срце, изјавил д-р Шокаровски за телевизијата.

Тој додава дека првата етапа е успешна и дека пациентот е стабилен, но и дека следуваат уште неколку етапи.

– Ние сме оптимисти и одиме чекор по чекор, потенцира Шокаровски.

Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)

извор: ТвМ фото: ТвМ

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука