Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Радиска промоција на новата песна на Андреа „Створени за љубов“ на Супер радио

Охрид, 25. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во радио терминот на емисијата Vanco Play на Супер радио, денес беше промоворина новата песна на Андреа Коевска.

Песната „Створени за љубов“ е комплетно авторско дело на Александар Масевски и е прва нумера која Андреа ја пее на македонски јазик.

– Многу сум задоволна што сум во студио со човек кој има големо интернационално искуство и ми даде можност да работам со него. Секогаш има одлични идеи и сите работи што ги прави се неколку години понапред од сите, изјави Андреа за Супер радио.

Дваесет годишната Андреа е студент на факултетот за музичка уметност. Вели дека секогаш ја сакала музиката, сака да ја слуша и твори, а во слободно време игра кошарка, трча, вежба и секогаш сака да е активна. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука