Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Две лица од Охрид сториле 17 тешки кражби во градот и околината

Охрид, 23. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторени 17 кривични дела „тешка кражба“, СВР Охрид до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против 35-годишниот С.Ѓ. од Охрид.

– Исто така кривична пријава е поднесена и против 48-годишниот К.А. од Охрид, за сторено казнено дело „прикривање“, а во врска со кривичните дела „тешка кражба“. Имено, пријавениот С.Ѓ. тешките кражби ги сторил во периодот од октомври 2019 до февруари годинава во куќи, викендици, станови и работилници во Охрид и во населбите Лагадин, Исток и Рача. Притоа, со употреба на физичка сила и подесен алат влегувал во просториите од каде одземал различни електрични алати за работа, LCD телевизори и други апарати од бела техника, уметнички слики, постелнина и други предмети. Истите, потоа ги складирал во домот на К.А. од каде вршел препродажба на украдените предмети, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука