Здравје Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Емилија Динева е жената чие срце и бубрези спасија три животи

Скопје, 23. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – 45-годишната Емилија Динева од Јосифово е жената чии органи, едно срце и два бубрези ќе го продолжат животот на тројца други луѓе.

Таа во понеделникот го загуби животот во трагична сообраќајна несреќа. Одлуката да се донираат нејзините органи ја донесло целото семејство, сопругот на Емилија, нејзината ќерка која има 23 години и синот кој има 18 години.

Ноќеска на Клиниката за кардиохирургија во државниот Клинички центар во Скопје се изведе првата трансплантација на срце во Република Македонија, која заврши со позитивен исход.

Дел од тимот кој ја изведе сложената 6-часовна операција на државната Клиника за кардиохирургија на 54-годишен пациент на кого успешно му било трансплантирано срце, беше и охридскиот кардиохирург д-р Марјан Шокаровски. (Крај)

извор: Фокус фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука