Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пијан охриѓанец физички нападнал две лица на улицата „Абас Емин“

Охрид, 24. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти мај 2020 година, во 20:00 часот, во СВР Охрид бил приведен 61-годишниот М.Т. од Охрид.

– Околу 18:30 часот, на улицата „Абас Емин“, во алкохолизирана состојба, тој го нарушил јавниот ред и мир, а потоа извршил физички напад врз лицата Ж.Р. и С.Т. од Охрид. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука