Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајна незгода на патот Охрид-Св. Наум, повредена 25-годишна охриѓанка

Охрид, 24. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти мај 2020 година, во 12:00 часот, на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, во близина на месноста „Кај Изворот“, се случи сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.

– Во незгодата учествувал велосипед марка „Giant“ управуван од 25-годишнат А.С. од Охрид. Таа, со возило на Итна медицинска помош е пренесена е во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид и по укажаната лекарска помош задржана е на понатамошно лекување, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука